На 27.03.2024 во хотел Хилтон, се одржа промоција на софтверска платформа Ана – ли која е иновативна, напредна и современа веб платформа за дигитализација на клучните бизнис процеси и унапредување на целокупното работење на компаниите од областа на градежништвото.
Ова е единствена апликација од овој тип на македонскиот пазар.
Иновативноста се состои во менаџирање на целокупниот процес на изведба, интеграција на градежните нормативи и стандарди и со постоечките BIM (Building Infor- mation models) стандарди и софтвери како што се Revit, Archicad, Tekla и слични, за проектирање и дизајн на градежни објекти и минимализирање на разликите помеѓу проектот и изведениот објект.
Софтверската платформа за дигитализација на производниот процес во градежништво e придружена со целокупната документација, која останува во базата на податоци и може да се користи за дополнителни анализи за тековниот проект, но и како архивски податоци за идни проекти.
Оваа платформа е алатка со која добивате постојани, навремени информации за случувањата во производството во реално време. Секоја внесена информација, секој податок, секое барање или секој прикачен документ веднаш се достапни до инволвираните чинители во градежниот процес во реално време.
Присутните гости од медиумите, градежниот сектор, институциите, општините и ИТ секторот имаа можност да се запознаат со секој сегмент од платформата од страна на стручниот тим преставен од Петар Петровски – податочен истражувач, Катерина Јакова Лазарова – дата база архитект, Весна Јорданова – главен дизајнер, Раде Петровски – проект менаџер, Бојан Петровски – бизнис консултант.